November 14, 2019 13:26
Македонија

Форум за демократска Македонија : „Рекет“ или „Диафарм“ мораат да имаат правна разрешница

Форумот за демократска Македонија (#ФДМ) – надпартиска и мултиетничка организација на македонски иселеници , повторно изразува сериозна загриженост по повод политичките случувања во државата во изминатите неколку месеци.

ФДМ, следејки ги последните случувања, цени дека продолжува нефункционирање на правната држава и институциите, се оддолжуваат неопходните реформи и ветените системски решенија. Низата неодамнешни настани укажуваат на немање доволен капацитет, неподготвеноста, неволноста и неспособноста на институциите за справување со тековните предизвици како што се корупцијата и злоупотребата на моќ што пак остава простор за многу шпекулации. Институциите на системот мораат да покажат дека правната држава функционира, без разлика од каде доаѓа криминалот и високата корупција. Случаите како „Рекет“ или „Диафарм“ мораат да имаат правна разрешница, мета организацијата.

Според нив, и покрај тоа што сметаме дека законот за ЈО треба да биде изготвен од правната и стручна јавност а не од партиите, законот требаше и да ја покаже способноста за надминување на дневно политичкото поентирање меѓу власта и опозицијата и поставување на државните интереси во прв план, со што ќе се покажевме во светлото на функционална демократија од западен стил.

,,За жал, во тој поглед партиите не се надминаа себеси, и политичкиот компромис повторно го наоѓаат на сметка на републиката, наместо во нивните партиски интереси. Владеење на правото односно борбата со корупцијата е можеби најголемиот приоритет на земјата на патото кон ЕУ и НАТО. И ние стоиме зад забелешките кои доаѓаат од меѓународната заедница токму на овој план.

Во моментов нашата татковина e истрошена и безнадежна како резултат на долгогодишната катастрофална политика на партиите на власт. Граѓаните се изморени од кризата а особено младата генерација која масовно ја напушта државата. Апатијата која го зафати општеството ќе резултира со уште поголема апстиненција на следните избори , што ќе го доведе до прашање нивниот легитимитет. ФДМ бара од владеачката коолиција да ги преземе сите можни законски мерки за расветлување на случаите и да ја утврди и обелодени одговорноста на сите кои биле вклучени. Се’ друго ќе ја зголеми веќе постоечката недоверба на граѓаните во институциите и капацитетот на оваа влада да ја води земјата кон декларираните цели, се вели во соопштението.

Нови вести

Мицковски: Промената на името не беше услов за членство во НАТО

Valentina

Арсовски: Заев и СДСМ  им кратат на професорите во средните училишта и наставниците во основните училишта цели 5.660 денари од нивната плата

Valentina

Стоилковски: Oва е црна недела за новинарите и за медиумите во Македонија

Valentina