August 7, 2020 17:32
Спорт

Формула 1 тимовите ги отфрлија гумите на Пирели за 2020 година

Тимовите од Формула 1 не се задоволни од понудата на пневматици за 2020 година што им ја испрати италијанскиот производител на гуми, Пирели.

Од Пирели се надеваа дека новиот дизајн ќе биде чекор напред во плановите за воведување на помалку чувствителни гуми за Ф1 болидите.

Но, на тестирањата во Абу Даби, тимовите не ги користеа новите гуми, туку старите од штотуку завршената сезона 2019.

Договорот на Пирели со Светската автомобилска федерација ФИА, е до 2023 година, па ова е голем удар за производителот кој ги снабдува тимовите од 2011 наваму. Возачите сакаат поиздржливи гуми, со кои ќе може и подобро ќе се тркаат.

Гумите на Пирели се користат во Формула 1 од 2011 година и имаат тенденција на прегревање кога силно се користат што значи дека возачите не може долго време да возат до противникот.