Спорт

Формула 1 сака трка во Африка

Формула 1 сака африканска трка, а Мароко и Република Јужна Африка се најверојатните дестинации за натпревари, изјави маркетинг директорот Шон Брачес. Руанда и Нигерија се две други земји кои се заинтересирани за организација на трка.

– Ова е една од дестинациите, за кои се интересираме. Во моментов имаме трки на пет континенти и единствениот без Формула 1 е токму Африка. Имаме доста продуктивни разговори со Република Јужна Африка и до помал степен со Мароко за ГН, па така нешто се прави за ова прашање, кое ни е важно, рече тој.

Брачес додаде дека Мароканците преферираат градска трка во Маракеш, а властите гледаат на оваа опција како можност за раст и туризам. Оваа земја веќе е домаќин на трка од Формула Е сериите.

– Многу трки се поддржани од Владата и тоа функционира. Ние им помагаме на овие градови, додаде Брачес.

Нови вести

Липи се враќа на селекторското место во Кина четири месеци по оставката

Igor

Познати полуфиналистите на Свесткото хокеарско првенство

Igor

Брејк на Торонто во петтиот дуел од финалната серија со Милвоки

Igor