December 6, 2019 19:54
Свет

„Форбс“ го обвини Ватикан за отфрлање на трансродовите луѓе

Магазинот „Форбс“ обвини Ватикан за отфрлање на трансродовите луѓе со објавување на текстот во кој ги реафирмира своите учења дека Бог создава човечки суштества како мажи и жени, пренесува „Брејтбарт“.

Во својата статија под наслов „Прва недела откако Ватикан ги отфрли трансродовите луѓе”, Ерин Енис вели дека ЛГБТК заедницата смета дека не е случајно што Ватикан го издал документот за време на „Месецот на гордоста”.

„Црквата, преку споделување на оваа наставна алатка текот на месецот што геј луѓето во светот, лезбејките, бисексуалците, трансродовите и другите родови несообразувачки луѓе го прославуваат како„Месец на гордоста”, ја потврдува споредбата што папата Франциско ја посочи во 2015 година дека современиот концепт од родот е опасна колку и нуклеарното оружје”, вели Енис.

Католиците секоја година го слават јуни како месец на Светото срце, време на посебна молитва кон срцето на Исус за гревовите на човештвото.

Во својот текст од 30 страници насловен како „Тој ги создаде како маж и жена”, Конгрегацијата за католичко образование на Ватикан ја осуди родовата теорија за обид да го оддели родот на поединецот од неговиот биолошки пол, што доведе до „утопија на обезродувањето”.

Текстот, исто така, ја осудува „образовна криза” што произлегува од напорите за индоктринирање на децата со погрешни претстави за флуидноста на половите и човековата сексуалност.

„Училишните наставни планови се планирани и прифатени така да одразуваат антропологија спротивна на верата и вистинската причина. Оваа “дезориентација” ги поништува разликите помеѓу мажите и жените, претставувајќи ги  само како производ на историското и културното уредување”, се вели во текстот.

Во својата критика на текстот, Енис го цитира прочуениот ЛГБТ адвокат, језуитскиот отец Џејмс Мартин, кој се жалеше дека документот од Ватикан ќе им даде повеќе муниција на анти-транссексуалните активисти.

Нови вести

Лавров: Русија веднаш ќе одговори на американско распоредување балистички ракети

Filip

Оставка на британска дипломатка во САД: Не сакам веќе да зборувам полувистини за Брегзит

Filip

Турција повторно се закани со обновување на воената операција во Сирија

Filip