February 24, 2020 21:18
Македонија

ФОН Универзитетот го најавува новиот Одбор за доверба, со кои организира симпозиум на тема „Образованието како фактор за мир и одржлив развој” по повод Меѓународниот ден на образованието

По повод Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари, ФОН Универзитетот организира целодневен настан со повеќе случувања во просториите на универзитетот во Скопје. Централниот настан ќе започне од 10:30, на кој ќе го претставиме новиот Универзитетски одбор за доверба, во кој членуваат седум добитници на Нобелова награда, истакнати академски имиња, бивши и сегашни политичари од повеќе земји од светот. Веднаш потоа, започнува панел дискусија со дел од Одборот за доверба и симпозиум на тема „Образованието како фактор за мир и одржлив развој“. Покрај дел од Одборот за доверба говорници ќе бидат и Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, поранешниот Премиер на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Заев, бивши и сегашни министри и функционери.

Најавата на новиот Одбор и Симпозиумот ќе започнат во 10:30 часот, на 24 јануари 2020, во просториите на Амфитеатар 1 на ФОН Универзитетот во Скопје (Бул. Киро Глигоров бр. 5). 

Говорници на настанот : 

  1. Г-дин Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија
  2. Г-дин Зоран Заев, поранешен премиер на Република Северна Македонија
  3. Д-р Абдула Алкашрами, претседател на светската унија на поети и Арапскиот клуб за наука, Амбасадор на културата во Арапската лига
  4. Проф. д-р Федерико Мајор Сарагоса, поранешен директор на УНЕСКО, поранешен претседавач на Европскиот совет за истражување и претседател на Фондација за култура и мир
  5. Н.Е. Абдула Јеро Балде, министер за високо образование и научни истражувања на Република Гвинеја
  6. Н.Е. Хосе Консарнау Гвардиола, Амбасадор на Шпанија во Република Гвинеја
  7. Најат Валауд – Белкацем, прва жена министер за образование, високо образование и истражување во Франција
  8. Проф. д-р Роберт Мандел, Универзитетски професор емеритус, добитник на Нобелова награда од Универзитетот Колумбија
  9. Проф. д-р Едвард Нел, професор емеритус на Њу Скул, Њујорк и професор емеритус на Фондацијата Џон Брадемас
  10. Проф. д-р Вили Семлер,  Хенри Амхолд професор за меѓународна соработка и развој, Њу Скул Њујорк
  11. Проф. д-р Карим Еруаки, Амбасадор на OLA-DSCC во Афричката Унија и професор емеритус на Универзитетот ФОН
  12. Д-р Хенри Абдо, основач и претседавач на Титаниум Капитал PTE LTD и претседател на Фондацијата Џон Брадемас
  13. Проф. Чарлс Гудхарт, професор емеритус на Лондонската школа за економија
  14. Винченте дел Боск Гонзалез,  почесен претседател на Фондацијата Тема Елорза
  15. Маига Алкассум, Министер за високо образование, научно инстражување и иновации на Република Буркина Фасо
  16. Проф. д-р Рајмонд Акики, предавач на Универзитети во Либан
  17. Проф. д-р Денко Малески, Професор Емеритус, Факултет за правни и политички науки, Фон Универзитет
  18. Проф. д-р Никола Поповски, Декан на Факултет за економски науки, Фон Универзитет
  19. Проф. д-р Љубомир Д. Фрчкоски, Декан на Факултет за правни и политички науки, Фон Универзитет
  20. Г-дин Сефер Цаноски, претседател на Управниот одбор на Универзитетот ФОН

Модератори: Проф. д-р Нано Ружин, ректор на Универзитетот ФОН и д-р Хенри Абдо, Извршен директор, Титаниум Капитал Груп

Веднаш по симпозиумот ќе започнат серија на настани:

  1. Промовирање на фондацијата Џон Брадемас
  2. Презентирање на најдолгиот еп за мир во светот – во авторство на Светската унија на поети, УНЕСКО и Арапската лига
  3. Потпишување Меморандум за соработка меѓу Арапскиот културен и информативен центар на Арапската лига и Универзитетот ФОН
  4. Потпишување Меморандум за соработка меѓу Министерството за образование и наука на Гвинеја и Универзитетот ФОН
  5. Потпишување Меморандум за соработка меѓу Министерството за образование и наука на Буркина Фасо и Универзитетот ФОН
  6. Потпишување Меморандум за соработка меѓу Светската унија на поети и Струшките вечери на поезијата

ФОН Универзитетот ја има честа да го покани Вашиот медиум да го проследи симпозиумот. Ве молиме да ги акредитирате Вашите новинарски екипи на следниот линк:
https://forms.gle/R3oLd1UJXHRqdGBd9

За повеќе информации следете на линкот: boardoftrustees.fon.edu.mk