September 26, 2022 01:10
Свет

Фон дер Лајен предупредува на „последици” за италијанските десничарски партии

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави последици за Италија доколку десничарските партии во земјата ги прекршат демократските принципи доколку победат на изборите.

Таа ова го изјави одговарајќи на студент на американскиот универзитет Принстон која ја праша дали е загрижена за изборите во Италија во однос на врските на некои од кандидатите со рускиот претседател Владимир Путин.

– Ако работите одат во тешка насока – веќе зборував за Унгарија и Полска – тогаш имаме алатки, рече таа.

Канцеларијата на Фон дер Лејен веќе покрена голем број таканаречени прекршочни постапки против двете земји и исто така поднесе жалби пред Европскиот суд на правдата, потсетува ДПА.

Матео Салвини, шеф на екстремно десничарската популистичка партија Лега, револтирано реагираше на коментарот на Фон дер Лајен, нарекувајќи го „излитена закана”.