Македонија

Фон дер Лајен: За Северна Македонија се предвидени 119 илјади вакцини

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер соопшти дека од ЕУ за Северна Македонија ќе бидат доставени 119 илјади дози вакцини, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Ние сме покрај нашите партнери од Западниот Балкан, како што му кажав на Зоран Заев, 119.000 дози вакцини ќе стигнат во Северна Македонија од мај до крајот на август. Во ова сме заедно, наведе Фон дер Лејен во објавата на Твитер.

Овие вакцини се дел од 651-та илјада дози на „Фајзер” наменети за здравствените работници и ранливите групи од земјите од Западен Балкан, што ќе бидат набавени со финансиски средства на ЕУ и испорачани во државите од регинот од мај до август.

GoGoAnime watch animes: Watch Hori-san to Miyamura-kun Episode 4 (https://gogoanime.be/m/Bgjm/ep-4)

AnimeFreak watch anime free: Watch Umibe no Étranger Episode Full