February 2, 2023 03:34
Свет

„Фокскон” потврди за „насилство” во неговата фабрика за ајфони во централна Кина

Тајванскиот технолошки гигант „Фокскон” денеска ги потврди извештаите за „насилство” во неговата најголема фабрика за производство на ајфони во Џенгџу, центална Кина.

Компанијата, што склопува електронски производи за многу меѓународни марки, вклучувајќи го и „Епл”, истакнува дека работниците се жалеле на платите и условите за работа во фабриката. Но, таа одрекува дека сместувала нови вработени заедно со персонал заразен со коронавирус.

На фотографии на социјалните мрежи Веибо и Твитер може да се видат голем број работници како шетаат по улица, а некои од нив стојат пред редот од лица во бели заштитни комбинезони и полицајци опремени за борба со демонстранти.

Работниците протестираат поради спорните договори и засилената контрола за Ковид-19.

Тие извикуваа „Бранете ги нашите права” пред полициските кордони и полициско возило со вклучени ротирачки светла.