February 3, 2023 15:14
Спорт

ФИФА објасни зошто голот на Јапонија е регуларен

Јапонија приреди сензационална победа против Шпанија (2:1) во 3. коло од групната фаза на 22. Светско фудбалско првенство со која избори пласман во осминафиналето. До резултатскиот пресврт Јапонија  стаса со голот на Танака кој отовори големи дилеми дали топката го напушти теренот пред Каору Митома да ја врати во поле.

Погодокот беше признат по прегледувањето на ВАР снимките. Покрај тоа ситуацијата предизвика многу реакции за најголем дел од јавноста на снимките беше очигледно дека топката го напушта теренот.

ФИФА во својата реакција посочува дека топката не ја поминала во целост линијата, поточно дека одредени агли не можеле да бидат видливи за камерата.