November 28, 2021 07:23
Македонија

ФИТР ја креира првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во земјата

На иницијатива на Фондот за иновации и технолошки развој од денеска работна група ќе учествува во креирање на првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во државата. Во работната група се вклучени домашни експерти, но и Македонци кои се глобално признаени професионалци од оваа област и работат во светски познати компании и универзитети.

– На стратегијата ќе работат Татјана Митевска (Аспиегел СЕ), Бисерка Шемовска (Менаџер за развој на бизнис и раководител на Академијата за вештачка интелигенција, Семос Едукација), Илија Лалковски, (Веб Фактори) Јасмина Мајстороска (Министерство за економија) Никица Кусиникова и Виктор Мирчевски (Здружение Конект), Ѓорѓи Маџаров (МАСИТ), Бардил Јашари (Фондација Метаморфозис), Ангел Џеков и Петар Фидановски (МИОА), Светлана Кордумова (Пиксајл), Христијан Ѓорески (ФЕИТ), Петре Ламески (ФИНКИ), Андреј Дамески и Филип Петровски (Дата мастерс), информираат од ФИТР.

Директорот на ФИТР, Коста Петров истакна дека вештачката интелигенција ќе биде во фокусот на работата на Фондот и оти неодамна заврши и првиот јавен повик на ФИТР за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција. Следната година предвидено е да се креира посебен инструмент за поддршка на стартап компаниите кои работат со вештачка интелигенција во државата.

– Во целиот процес на креирање на нови иницијативи на оваа тема, ќе биде вклучен и словенечкиот Институт „Јожеф Стефан” со кого ФИТР наскоро ќе потпише Меморандум за соработка, посочи Петров.

Со креирањето на стратегијата, тој додаде дека ќе им се даде шанса на многу домашни, иновативни стартап компании да ги реализираат своите идеи и проекти, соодветно образование како и современа опрема.

Violet Evergarden: the Movie (https://animeflix.nl/m/0wV6) Episode Full

Website https://kissanime.mx: Watch Bounty Hunter: The Hard kissanime Episode Full legend of korra kissanime

Website https://animepahe.cc: Watch Pink: Water Thieves Rain Thieves animepahe Episode Full watch anime online

Website https://aniwatch.pro: Watch Toradora! SOS! Hurray for Gourmands aniwatch Episode 4 anime websites

AnimeFLV: Super GALS (Dub) anime episode 52 online free at https://animeflv.uk free anime