October 22, 2021 08:48
Македонија

ФИТР: Наградени проекти од 39 училишта на „Предизвик за млади истражувачи 3“

Tриесет и девет проекти на основни и средни училишта од целата држава се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3“, кој Фондот за иновации и технолошки развој го спроведува во соработка со Министерството за образование и наука. Она што охрабрува е дека и во услови на здравствена криза и затворени училишта, на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3“, дури 58 училишта доставија свои предлог-проекти.

Целта на овој повик, кој Фондот го спроведува веќе трета година, е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод.

Годинава прворангирано основно училишта е ООУ „Страшо Пинџур“ од Неготино, а кај средните училишта најдобро рангиран е проектот на гимназијата „Орце Николов“.

Наградените училишта од целата земја ќе работат на проекти во разни области од природните и техничките науки. Во најголем дел предлог-проектите се поврзани со истражување во полето биологија, физика и хемија.

Вкупниот буџет на повикот е 6.000.000 денари. Поединечен предлог-проект може да добие до 300.000 денари и дополнителни 30.000 денари за ментори, наменети за обуки, семинари, конференции, што би придонеле кон поуспешна реализација на проектот.

Комисијата за избор и одлучување беше во состав: Нуран Кадриу Џамбази – претставник од секторот за средно образование при МОН, Илинка Тарчуговска – претставник од секторот за основно образование при МОН, м-р Валентина Гоцевска и м-р Владо Стојанов – претставници од Бирото за развој на образованието, Слобoданка Филиповска – претставник на Здружението за поттикнување и подготовка на младите за успех во глобалната економија „Џуниор ачивмент Македонија“, Елена Хаџи Пецова – претставник на Центарот за развој на претприемачите и менаџерите „ЦЕЕД Македонија“, како и Сандра Крстиќ и Неда Икономова-Гавриловска од ФИТР.

Предизвикот беше отворен на 24 јануари. Поради новонастанатата ситуација со пандемијата на Ковид-19, по барање на училиштата рокот беше продолжен до 6 април. Во изминатите две години поддржани се 54 училишта со над 500 вклучени ученици.

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

Watch The Hakkenden: Legend of the Dog Warriors (Dub) Episode 6

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

ANIMEFLIX Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Amara: https://amara.org/vi/profiles/profile/34NsSnC0ZpmpuEEJkVaqYlfrvCTv6WsO7p007tQvrtE/

Longisland: https://www.longisland.com/profile/animefreakws