December 6, 2022 22:22
Свет

Фиона викендов се очекува да удри на брегот на Канада

Ураганот Фиона е на пат кон Канада, откако повеќе денови се задржа над Карибите, а вчера помина покрај Бермудските острови како бура од трета категорија, јави Си-ен-ен.

Ураганот се очекува да удри на брегот на Канада во сабота наутро.

-Ова може да биде канадска верзија на ураганот Сенди, бидејќи носи комбинација од карактеристики на ураган и зимска бура, изјави канадскиот метеоролог Крис Фогарти.

Ураганот Сенди во 2012 година помина низ 24 држави на САД, и цело источно крајбрежје, предизвикувајќи штета од 79 милиони долари.

Заклучно денеска наутро, Фиона беше речиси 2.000 километри од бреговите на Нова Шкотска, и оваа област веќе се подготвува за силна бура со историски пропорции, јави медиумот.