January 15, 2021 16:19
Свет

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите кои најдобро се справуваат со пандемијата на коронавирусот. Според Универзитетот „Џон Хопкинс“ , стапката на инфекција во ниедна земја не е толку ниска. Од почетокот на годинава, во Финска се регистрирани 21.216 лица, а 375 починале.

Стратегијата на Финска, но и менталитетот придонеле за успешна борба против инфекцијата.

Кога бројот на заразени луѓе ширум светот почнал да расте, финската влада брзо реагирала и наредила двомесечен карантин. Патувањето во блиските региони беше забрането. Тие исто така ги затворија училиштата и другите институции, а подоцна и рестораните. Ова се случило доста рано, кога бројот на заразени лица во таа скандинавска земја сè уште бил незначителен.

„Финска го запре јавниот живот многу брзо и опширно, така што околу две недели порано од соседните Норвешка и Данска, а да не ја спомнувам Шведска“, рече Мика Салминен, директор на финската здравствена служба TХЛ, за германското радио Дојчландфунк. Така заклучувањето го запре ширењето на вирусот многу брзо.

Финска инсистира на брзо следење на контактот на лицата кои имале контакт со лица кои биле позитивни на коронавирус. Таму, здравствените служби добиле поддршка користејќи апликација. „Корона флеш“ ја има скоро секој втор Финец на својот паметен телефон.

Во Финска, има голема доверба во тамошната влада. Дури и за време на заклучувањето во пролетта, скоро и да немало противење. Според анкетата спроведена од Европскиот парламент во тоа време, 73 проценти од луѓето изјавиле дека добро се справуваат со ограничувањата.

Според анкетата на Европскиот парламент, 23% од Финците изјавиле дека животот им се подобрил за време на пролетната блокада.

„Не сме многу друштвени и сакаме да бидеме сами“, рече социјалниот психолог Нели Ханконен од Универзитетот во Хелсинки.