December 5, 2022 09:45
Свет

Финска утре ќе ја затвори границата за Русите

Финска ќе ја затвори границата за руските туристи од утре, потврди денеска финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто.

Границата ќе биде затворена за сите руски туристи, но не и за сите руски граѓани.

Имено, Русите кои ги посетуваат семејствата, работат или студираат во Финска сепак ќе можат да влезат во таа земја.

Финска сака драстично да го ограничи бројот на Руси кои влегуваат во земјата. По прогласувањето на мобилизација за војната во Украина, илјадници Руси почнаа да бегаат во соседните земји, меѓу кои и Финска.