December 6, 2022 20:49
Свет

Финска претпазлива околу ситуацијата во Русија

Финска внимателно ја следи ситуацијата во соседна Русија, изјави денеска финскиот министер за одбрана Анти Каиконен.

– Што се однесува до финската околина, можам да кажам дека воената состојба е стабилна и мирна. Нашите одбранбени сили се добро подготвени и внимателно се следи ситуацијата, нагласи министерот.