June 25, 2019 23:36
Магазин

Финска е најсреќната земја во светот, Македонците најнесреќни во регионов

Финска е најсреќната земја во светот, се наведува во најновиот извештај на Обединетите нацииизготвен врз основа на тригодишно истражување спроведено во 156 држави во светот. Македонија се наоѓа на 84. место.

По Финска, следуваат Данска, Норвешка и Исланд. Во првите десет се и Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австралија. Финска и во минатиот извештај беше на првото место.

Од земјите во регионот Македонија се наоѓа најдолу на листата. Хрватска се наоаѓа на 75. место. Посреќни се државјаните на Косово (46. место), Србија (70. место) и Црна Гора (73.).

Словенија е на 44. место, а Босна и Херцеговина на 78. место.

ОН спореди 156 земји во светот земајќи ги предвид БДП, социјалната заштита, очекуваното траење на животниот век во полно здравје, социјалната слобода и корупцијата.

На последно место е Јужен Судан. Пет земји што забележале најголем пад на листата во последните 10 години се Јемен, Индија, Сирија, Боцвана и Венецуела.

Нови вести

ВИДЕО: Бил Гејтс го призна најголемиот кикс на „Мајкрософт“ кој го чинел 400 милијарди долари

Filip

Перо Антиќ се разведе од Ружица

Igor

Бикини во облик на женски усни го разбранува интернетот

zane