November 11, 2019 18:37
Магазин

Финска ги избра татковците на годината

Финското Министерство за социјална политика ги избра тројцата најдобри татковци за 2019 година. Двајца од нив се самохрани татковци. Наградата е востановена 2006 година, а вниманието е насочено, пред сè, кон татковците кои успеваат во воспоставувањето рамнотежа меѓу работата и родителските обврски , како и мажите кои одгледуваат деца во тешки услови.

Хермај Хутијала е самохран татко од 2014., кога неговата сопруга починала и тој останал сам со четири деца. Петри Јакола, пак, кој растел со родители алкохоличари, исто така, е самохран, но примерен татко, на пет деца, како што соопштија организаторите на свеченоста.

Наградата со нив ја подели и Јука Лагерблом – вистински пример на „обичен тато” за сите други татковци кои ги користат услугите на здружението Мијесакит, кое се занимава со помош и секојдневни совети за татковците.

Финска е единствената земја во светот во којашто, статистички, татковците на деца на училишна возраст, минуваат повеќе време со нив од мајките, се наведува во извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Нови вести

Бил Гејтс признава дека задоцнил со Windows Mobile, оставајќи му го пазарот да го освои Android

Igor

Девојката на Кијану Ривс ја споредуваат со Хелен Мирен

zane

(Видео) Медитирање во гроб, нова метода за релаксирање на студентите

Valentina