December 4, 2022 20:05
Скопје

Финансиска помош и субвенции за социјално загрозените лица од Општина Аеродром

​Социјално загрозените лица од Општина Аеродром кои се најпогодени од финансиската и енергетската криза добиваат месечен надомест како финансиска помош за октомври, ноември и декември.

 
За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување парична помош, на кој заклучно со 14 октомври, ќе можат да аплицираат социјално загрозени лица кои се најпогодени од енергетската и финансиската криза.
 
Овој пакет на парична помош опфаќа месечна субвенција за електрична енергија за социјално загрозени лица, парична помош за субвенционирање на дел од трошоците за топол оброк и/или трошоците за ужинка за ученици од основни училишта кои се од социјално ранливи категории и еднородителски семејства  со месечен личен доход до 18.000 денари, како и месечна парична помош за пензионери приматели на пензија во висина до 10.300,00 денари.
 
Сите подносители треба да се жители на Општина Аеродром, а деталите за јавниот повик може да се најдат на следниот линк http://aerodrom.gov.mk/vest/9000
 
Со оваа мерка, излегуваме во пресрет на најранливите категории граѓани со цел тие полесно да го надминат периодот одбележан со енормното покачување на цената на струјата. Остануваме посветени на подобрување на условите за живот на сите наши граѓани и ги преземаме сите чекори со кои можеме да им го олесниме животот на аеродромци.