August 17, 2022 14:52
Македонија

Филозофскиот факултет – Скопје ќе додели награди по повод 100 години од основањето

На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” денеска ќе се одржи свеченост по повод доделување на јубилејната награда 100 години од основање на Факултетот.

Наградата се доделува на поединци, органи, организации и институции кои дале придонес за развојот и унапредувањето на Филозофскиот факултет, како и на организации со кои факултетот има остварено успешна и исклучителна соработка. Наградата се доделува и на професори постхумно и пензионирани професори, основоположници на институтите на факултетот.

Поздравни обраќања на свеченоста ќе имаат деканот на Филозофскиот факултет во Скопје, Ратко Дуев, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, Наталија Јовановиќ, декан на Филозофскиот факултет во Ниш и претседател на Заедницата на Филозофски и Филолошки факултети на Југоисточна Европа и проф. д-р. Јасмин Ахиќ, декан на Факултет за криминалистика, криминологија и сигурносни студии од Сараево, по што ќе бидат врачени наградите.

Поради пандемијата на коронавирусот планираната свеченост не се одржа минатата година, кога Филозофскиот факултет – Скопје прослави 100 години од своето основање.