December 1, 2020 12:31
Македонија

Филипче: Ќе се разговара за вклучување на приватните интернисти за справување со коронавирусот

Министрот за здравство, Венко Филипче најави дека утринава е веќе одржан состанок со Лекарската комора, а за в среда закажан е и состанок на кој ќе се разговара за вклучување на приватните интернисти во процесот за справување со коронавирусот.

„Се мобилизираат лекарите. В среда ќе одржиме состанок со приватните интерснисти кои се 56 на број. Половина од нив се од Скопје, а останатите од други градови. Ќе разговараме за нивно вклучување во системот на дежурства“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.