July 23, 2019 08:43
Економија

Филипче: Со гранковиот синдикат имаме одлична комуникација

Не би се сложил дека комуникацијата со гранковиот синдикат е расипана. Напротив, имаме  одлична комуникација и целосно се известени и информирани за динамиката која ја планиравме за следниот период, изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на јавната дебата „Јавно приватно партнерство како економски модел за инвестирање”.

– Денеска имав средба со претставници од гранковиот синдикат во однос на вклученост и анализа на резултатите од физибилити студиите. Сето тоа друго што беше предмет на дискусија во однос на следната динамика,зголемување на платите и на решение за паркинг просторот во рамки на Клинички центар е нешто на што активно се работи во целиот овој изминат период, со динамика што ја наметнува некогаш спората администрација и сите тие административни процедури, но сето тоа е во тек. Сега се планираат и интервенции во смисла на ребаланс на буџетот, но и некои проекции за буџетите за следната година. Во моментот кога ќе имаме конкретни податоци ќе бидат известени за се. Континуирана е комуникацијата со сите претставници на синдикатите и здруженијата, рече Филипче

Нови вести

Винарниците ветуваат откуп на целата реколта и исплата согласно законите

Valentina

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Кавадарци и Радовиш

Valentina

Проактивно лидерство и зајакнување на економската дипломатија побара бизнис заедницата од Пендаровски

Igor