June 21, 2021 10:15
Македонија

Филипче смета дека постојните мерки треба да бидат на сила најмалку уште една недела

Комисијата за заразни болести во понеделник ќе ги разгледува барањата на угостителите кои денеска беа доставени до Министерството за здравство. Независната угостителска комора бара да се дозволи да работат и затворените делови на кафеаните и кафулињата, на една маса да может да седат и над шест лица, да има жива музика и да се дозволи организирање свадби, прослави и веселби под одредени протоколи. Министерот за здравство Венко Филипче смета дека постојните мерки треба да бидат на сила најмалку уште една недела, но барањата на угостителите ќе се разгледаат.

„Сите барања ќе ги разгледаме в понеделник кога ќе се прави пресек за епидемиолошката слика за изминативе две недели. Се покажа дека олабавените мерки не доведоа до влошување на состојбата, но сепак сметам дека уште најмалку една недела треба да останат мерките кои сега се на сила“, рече Филипче.

Филипче кажа дека останува на ставот маски да се носат и на отворено уште некој период, односно додека не се имунизира поголем дел од населението.Според сегашните мерки кои се на сила, кафулињата и кафеаните можат да работат до 23.30 часот бидејќи полицискиот час од вчера е од полноќ до 4 часот. Дозволено е да работат само летните тераси, на една маса да седат најмногу 4 лица и да се одалечени 1.5 метар. Но, овие мерки ретко кој од угостителите ги почитува.

AnimeTV chia anime tv me: The Misfit of Demon King Academy (Dub) (https://animetv.cc/m/8NQe) Episode 13

KissAnime kissanimedub: So I'm a Spider, So What? Episode 17