October 26, 2021 14:27
Македонија

Филипче: Секој од нас е заменлив и никој не е венчан за функцијата.

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека е заменлив, како и секој друг функционер кој е на функција. Тој одби да коментира било што поврзано со изгорената тетовска модуларна болница, во која загинаа 14 пациенти кои беа на лекување.

Посочи дека Обвинителството и истражните органи треба да ги дадат сите информации, по што, ќе биде отворен и тој да зборува за сѐ.

„Дозволете ми да не коментирам бидејќи има истрага. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба. Јас ќе бидам на располагање по завршувањето на тој процес, рече Филипче.

Тој додаде дека процесот на проверка и на комуникација со директорите на болниците, како и проверка од страна на Санитарниот инспекторат е завршен. Документацијата за модуларните болници, како што рече, е во проектната единица на Светска Банка во Министерство за труд и социјална политика и така е одговорено на барањата.

На прашањето пак дали е незаменлив, бидејќи премиерот Зоран Заев изјавил дека се потребни барем шест месеци за да се прилагоди негов наследник, Филипче одговори дека, според него, секој е заменлив.

-Не, секој од нас е заменлив, никој не е венчан за функцијата, таа е мој генерален став по однос на се, истакна Филипче.

Истрагата трае веќе петнаесет дена, засега нема информации што е откриено, како дошло до тоа болницата да се запали и да изгори.
На неа работи Основното јавно обвинителство, додека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја проверува документацијата и начинот на набавка на сите модуларни болници

WCOStream: Zoids Genesis anime episode 50 online free at https://wcostream.cc wcostream dragon ball z

AnimeFLV: Kite Liberator (Dub) anime episode Full online free at https://animeflv.uk gogoanime

AnimeDao Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://4anime.biz: Watch Nekojiru Gekijou Jirujiru Original 4anime Episode 25-27 persona 4 the animation funimation

Dashburst: https://dashburst.com/gogoanimelol

Penzu: https://penzu.com/p/06a62e38