October 31, 2020 17:15
Македонија

Филипче: Процентот на смртност е 4,1 проценти во земјава- можни се нови мерки

Главна причина на зголемување на бројка е непочитување на мерки. Се собираат одат на свадби кои се забранети, не се држи дистанца- вели Венко Филипче- министер за здравство.

Тој вели дека сите инспекторати ќе бидат на терен и дека ќе контролираат дали се спроведуваат мерки.

-Можни се нови мерки за да се спречат нови заболувања, ограничувања на број на лица на маси, намалување на капацитетот на јавниот превоз- вели Филипче.

„Наша цел и стратегија е навремено воведување на мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширењето на вирусот. Целта е да се избегнат евентуални рестрикции на движењето или мерки коишто повторно би ја закочиле економијата и целосно би не затвориле во нашите домови, но ако биде нужно секако дека ќе го направиме“, рече Филипче.

Детали за новите мерки министерот најави за следните денови, но откри дека веројатно ќе се донесе одлука за задолжително носење маски и на отворено, дека ќе се ограничи бројот на гости по маси во угостителските објекти, засилена контрола и казни за семејни прослави, како и евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз.