January 16, 2021 20:36
Македонија

Филипче: Првите дози од вакцината на „Фајзер“ ќе ристигнат во февруари

Првите дози од вакцината на „Фајзер“ ќе ристигнат во февруари, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека во истиот период вакцини се очекува да пристигнат и преку системот „ковакс“.

Министерот објасни и зошто дозите коишто се очекуваше да ги добиеме преку механизмот на Европската комисија за солидарност, не се пристигнати.„Можно е Австрија, Бугарија, Полска и Грција да одделат некоја количина од своите, но јасно ни укажуваат зошто тоа до сега не беше направено е проблемот во количината којашто ја добиле. Значајно помала, некаде 1/10 од планираната за нивните земји“, рече Филипче.