November 27, 2020 22:02
Македонија

Филипче потфрли! Секој 3 тестиран во Македонија вчера имал Ковид!

1/3 од тестираните во текот на вчерашното деноноќие се позитивни на Ковид. Тоа значи дека секој 3 тестиран имал Ковид. Филипче целосно потфрли. Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче. Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип.

Есенскиот бран на Ковид го фати целосно неспремен Филипче, иако самиот тврдеше дека на есен вирусот ќе биде појак, ништо не презема.

Лошиот менаџмент со системот допринесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично.

Се што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните.

Граѓаните сега се виновни за неговата неспособност. Не се Филипче виновнк граѓаните. Преземи одговорност и дај си оставка веднаш.