January 16, 2021 14:54
Македонија

Филипче: Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

На 21 јануари ќе донесе одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до 21 часот, но и можноста нивното работно време да се продолжи до 23 часот, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, сите други мерки за превенција остануваат во сила и по 21 јануари.
„Единствено нешто што ќе се случи на 21 јануари е работното време на угостителите сигурно да се продолжи до 21 часот, а согласно проценката на ситуацијата до 21-ви, евентуално да се разгледа нивното барање за работа до 23 часот. Меѓутоа, сите други мерки остануваат во сила“, рече Филипче.