September 23, 2019 05:28
Македонија

Филипче: Од 1 октомври се надминува проблемот со недостиг на лекови

Целосното укинување на квотите за лекови на рецепт почнува на 1 октомври, најави министрот за здравство, Венко Филипче, кој потсети дека во август се укинаа квотите за лекови на рецепт во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и во Гевгелија.

Како што рече тој, со ова решение се надминува проблемот со недостиг на лекови и тие стануваат подостапни за пациентите.

Министерот наведе неколку придобивки за кои вели дека ќе бидат обезбедени за граѓаните преку оваа мерка во здравството.

„Пациентите ќе имаат редовен пристап до лекови на рецепт во текот на целиот месец, односно нема да има големи метежи за подигање лекови на рецепт, особено на почетокот на месецот. Исто така, граѓаните ќе немаат страв дека може да останат без потребниот лек за терапија доколку нема квоти во аптеките при крајот на месецот“, нагласува Филипче.

Според оваа одредба, осигурените лица од 1 октомври ќе може да ги подигаат лековите во аптека со рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

На рецептот го има името и презимето и единствениот матичен број на осигуреникот кому му е препишан лекот. Доколку осигуреникот не може сам да си го подигне лекот, тогаш го зема друго лице во негово име, чиј број на личната карта се запишува на рецептот. На овој начин, нагласуваат од Министерството, точно ќе може да се провери во секое време дали лековите ги добиваат лицата на кои им се препишани.

Нови вести

КОД ТЕЛМА: И судии и адвокати спомнати во исказите за рекетот, може да завршат на распит кај Русковска

Filip

Јанева добивала 105.000 денари плата и уште толкав бонус?

Filip

Република Северна Македонија се подготвува за полноправно членство во НАТО: Зајакнати капацитетите на Работниот комитет за интеграција во НАТО за преземање на обврските од полноправното членство

Filip