Македонија

Филипче: Ова се колегите кои неуморно тестираат- од нив зависат нашите животи

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче:

Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите – со тоа го штитите вашето, но и нивното здравје.
Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност.
Им благодарам на сите колеги кои го вложуваат целиот труд.
Им благодарам на сите граѓани кои доследно ги почитуваат препораките и мерките.
Издржете, ќе ја пребродиме оваа криза и ќе излеземе посилни. #ЗаштитиСе

Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање. Од нив зависи јавното здравје, од нив…

Posted by Венко Филипче on Недела, 05 април 2020