Немам информации дали Мијалков контактирал со епидемиолози или претставници на ДЗСИ околу неговата здравствена состојба, односно дали е евентуално позитивен на короновирусот“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешното примопредавање на вакцините од Србија, како одговор на новинарско прашање.
Вчера поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков по два дена потрага се појави пред Обвинителството и се извини целата македонска јавност за целата ситуација која настанала поради неговото исчезнување и истакна дека бил изолиран поради симптоми на Ковид 19.