January 24, 2021 23:05
Македонија

Филипче: На 40 медицински сестри им се продолжуваат договорите за работа

Венко Филиплче објави дека од утре, 40те медицински сестри се враќаат на работа.

„Договорите со кои беа ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје им се продолжуваат. Тие и понатаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување на човечки животи“, соопшти Филипче.

Според д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом- Скопје, станува збор за четириесетина медицински сестри чии договори истекле заклучно со крајот на минатиот месец, а дека за продолжување на договорите, потребна била согласност од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Оваа институција го формира и одобрува буџетот за ангажман на кадар, па поладнево Фондот одлучил дека ќе има буџет за оваа намена за Здравствен дом – Скопје.

Од Министерството за здравство информираат на барање на министерот Филипче, Агенцијата за вработување до министерството доставила информации за невработени лекари, медицински сестри и друг здравствен персонал, на кои ќе им биде понудено вработување во ковид-центрите низ државата.

Watch Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 3 at AnimePlanet dubbed anime planet

Watch Back Arrow Episode 3 at website https://animefreak.ws anime freak new site