Македонија

Филипче му одговори на Владиката Петар: Вие први не треба да дозволите да ни се повторат грешките од минатото

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот фејсбук профил напиша дека се неразбирливи ставовите на Владиката Петар, кој порача дека „Свети Филипче нема да ја натера МПЦ да причестува со чисто лажиче“, а уште помалку реториката со која ги отфрла препораките за заштита од коронавирусот за време на велигденските празници.

-Почитуван Владико, како верски авторитет вие треба да бидете пример и први да застанете во заштита на здравјето на граѓаните. Вие први не треба да дозволите да ни се повторат грешките од минатото. Зачудува вашата негрижа за можните последици и ризиците кои ги носат одредени верски обичаи. Додека останатите верски институции во соседството и пошироко ги преземаат сите мерки прилагодувајќи ги обичаите, вие го правите спротивното. Моите лични напори да обезбедиме дијалог и заеднички став за тоа како да го заштитиме населението за време на празниците очигледно за вас ништо не значат, напиша Филипче на Фејсбук.

Министерот потсети дека во соработка со верските заедници, предложени се протоколи и мерки кои овозможуваат верниците да го прослават празникот намалувајќи ги ризиците од ширење на вирусот.

-Крајно разочарувачки за мене, но верувам и за многу граѓани е вашиот игнорантски однос кон овие обиди за соработка, но пред се кон безбедноста на граѓаните, додаде Филипче.

Тој повтори дека битката со вирусот е заедничка и секоја алка во тој синџир на одговорност мора да функционира. Испрати апел до граѓаните да бидат максимално одговорни за време на празниците и да ги почитуваат мерките за заштита.

Неразбирливи се ставовите на Владиката Петар, а уште помалку реториката со која ги отфрла препораките за заштита од…

Posted by Венко Филипче on Thursday, April 29, 2021

Поврзани вести

(Вознемирувачко видео) Ученици скокале од трети спрат да избегаат од куршумите на убиецот во Казан

Igor

Починаа 26 лица,171 нов случај на коронавирус

Igor

„Двојник“: Двајца шкаљарци со македонски пасоши убиени во Атина, маж купил „женски“ пасош,

Igor

4Anime haikyuu season 4 4anime: The Daily Life of the Immortal King (https://4anime.biz/m/8VA5) Episode 15

AniWatch anime stream: Naruto: Shippuden (Dub) (https://aniwatch.pro/m/5WKn) Episode 500