November 28, 2021 07:15
Македонија

Филипче: Многу анализи ја потврдуваат ефикасноста на вакцините против Ковид-19

Ефикасноста на вакцините против Ковид-19 ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79 отсто и 81 отсто од хоспитализираните пациенти со Ковид-19 се невакцинирани, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека истражувањето на Цивика мобилитас потврдува дека во последните три и пол месеци има 14.500 помалку заразени, 4.595 помалку неделни хоспитализации, вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата меѓу 37,9 отсто и 46,5 отсто, а трошоците за хоспитализација во последните пет недели од делта бранот се пониски за 2,8 милиони евра.

– Вакцинацијата против Ковид-19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид-19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас. #ВакцинирајСе! Со вакцината се штитите себе си, пријателите, семејството и ги штитите другите околу вас, напиша Филипче.

AnimeKisa: Kimi ni Todoke - From Me To You Season 2 – A Crush anime episode Full online free at https://animekisa.in anime online

Website https://animepahe.cc: Watch Ushinawareta Mirai wo Motomete: Ushinawareta Natsuyasumi wo Motomete animepahe Episode Full anime online

Website https://animedao.nl: Watch Goliath the Super Fighter animedao Episode 1 dubbed anime

AnimeHeaven: Leviathan: The Last Defense (Dub) anime episode 13 online free at https://animeheaven.pro animeheaven dragon ball z

Aragne: Sign of Vermillion (https://4anime.biz/m/L4PW) Episode Full