April 11, 2021 11:51
Македонија

Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, 70 отсто од новите случаи се со британски сој

Анализата на вирусот, односно на геномската секвенца, покажа дека 70 проценти од вкупниот број новодијагностицирани случаи на инфицирани со Ковид-19 се заразени со т.н. британски сој на вирусот. Сите овие денови вклучително и овие кои се пред нас, а тоа е викендот, ќе се анализираат состојбите во одредени градови, посебно конкретно во Кавадарци, Прилеп и Охрид и врз основа на тие анализи ќе видиме дали ќе се препорачаат некакви дополнителни рестриктивни мерки.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сега сме во една ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени и според последните пресметки, раст на РО факторот на преносливост на 1,3. Тоа што сега не можеме да бидеме сигурни, посочи министерот, е дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или е само некој мини бран кој се случува овие денови.

– Сведочиме секој ден дека има собири на јавни места и во угостителски објекти. Убавото време ќе натера многу наши сограѓани да не ги носат маските за жал и да не ги почитуваат мерките за препорачаната дистанца. Чекаме да заврши анализата по региони и да видиме дали ќе има некои мерки кои ќе се однесуваат на посебни градови и региони и нешто што ќе важи за територијата на целата држава. Целокупниот здравствен систем и пред се здравствените работници добро се справија, се реорганизираа и го постигнавме тоа што најмногу го сакавме, а тоа е ниту еден пациент да не остане без здравствена услуга, односно да биде сместен секогаш кога има потреба и индикација во здравствените установи, додаде Филипче.

Watch The Irregular at Magic High School: Visitor Arc (Dub) Episode 12 at website https://animetv.cc anime tv web

Attack on Titan Season 3 (Dub) (https://funimationfree.com/m/mrBy) Episode 12 at Funimation watch fruits basket season 2 funimation