December 2, 2020 01:34
Македонија

Филипче: Колеги, Ви благодарам што секојдневно се борите за секој живот

Колеги, Ви благодарам што секојдневно се борите за секој живот! Ви благодарам што се грижите за здравјето на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели, давајќи сѐ од себе во справувањето со ковид-19. Ги повикувам сите граѓани да им ја олесниме работата и да ги почитуваме мерките за заштита без исклучок! Да бидеме одговорни со носење маска, одржување физичка дистанца и често миење на раце. Тие ја заслужуваат поддршката од сите нас.