December 1, 2020 03:54
Македонија

Филипче: Здравствените работници се се што имаме

Министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалните мрежи упати апел за почитување на заштитните мерки од корона вирусот, со цел да им се олесни работата на докторите.

„Овие здравствени работници се се што имаме. Тие се тие наши, ваши пријатели и роднини. Немаме други со кои што ќе направиме замена. Почитувајќи ги мерките се почитувате себе си, ги почитувате и вашите семејства, ги почитувате и нашите здравствените работници“, посочи Филипче.