July 29, 2021 08:18
Македонија

Филипче во „Еден на Еден“: Една фаза од коронавирусот помина, поискусни сме за втората 

Една фаза од кризата со коронавирусот е помината, вели министерот за здравство Венко Филипче во емисијата Еден на Еден. Министерот ќе му биде гостин на авторот и водител на емисијата, Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5.

„Многу е битно што сега сме поспремни. И кога и да дојде оваа следна фаза што сите ја очекуваат, сметам дека многу добро ќе ја изменаџираме, поради тоа што имаме повеќе искуство”, изјави Филипче.

Според него, многу интересен феномен е што сега многу повеќе се зближија луѓето. „Докторите, сестрите, епидемиолозите велат дека станале браќа и сестри”, додаде министерот.

Филипче раскажа и за тоа како изгледа еден негов обичен ден во овој период, дека станува во 4 или 5 наутро, за своето искуство како хирург во повеќе светски земји, но и лични приказни. „Откако ќе заврши сето ова ќе му се посветам повеќе на син ми”, рече тој.

KissAnime god of highschool kissanime: Fairy Tail (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/7oRK) Episode 175

WCOStream anime sites: Watch SK8 the Infinity Episode 1