January 16, 2022 20:27
Скопје

Филиповски: Сите сме одговорни за чист и зелен Аеродром

Со садење на ново зеленило и украсни растенија денеска продолжија дневните активности на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром и неговиот тим – кандидатите за советници.

Тие ја посетија населбата Ново Лисиче, каде што уредија јавен простор во близина на Спомен – паркот на нашата музичка легенда Тоше Проески.

-Преку оваа еко – акција покажуваме како ќе работиме во следните четири години. Садењето на нови дрвја и уредувањето на јавниот простор се нашите приоритети. Аеродром е општина која е позната по маалските паркови, тоа се површините меѓу зградите, каде што граѓаните често се рекреираат и меѓусебно се дружат. Овие простори дополнително ќе ги раззелениме и ќе поставиме системи за наводнување, со цел функционален зелен простор и вистински маалски соживот, изјави Филиповски.

Локалната самоуправа континуирано ќе организира вакви акции за раззеленување или за чистење. Во истите ќе биде вклучена и администрацијата, но и младите од основните училишта, заинтересирани претставници на приватниот сектор и граѓанските организации. Основната цел е подигнување на јавната свест кај сите локални чинители.

Филиповски во текот на денешниот ден истакна дека зелената агенда е на прво место во програмата на СДСМ и коалицијата  „Најдоброто за Аеродром“.

Во претстојните четири години во Аеродром ќе бидат засадени повеќе од 5.000 високоизраснати дрвја. Исто така, предвидено е и затворање на Усјанскиот канал, со што ќе се реши голем еколошки проблем за лисичани. За граѓаните од Долно и Горно Лисиче ќе се доделуваат и субвенции за замена на нееколошките начини на загревање.

Кандидатот за градоначалник ги повикува сите граѓани, во недела, на 17 – ти октомври да го заокружат бројот 12 и да гласаат за почиста, позелена и поурбана општина.

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao One Piece (Dub)

AnimeDao Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 9

anime online Fairy Tail (Dub)

free anime That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 20