November 28, 2021 07:04
Скопје

Филиповски: Сензорни соби и инклузивни игралишта за младите со попреченост во Аеродром

Потреба од повеќе сензорни соби, простор и стручен кадар за работа со лицата со попреченост, беа дел од темите за разговор меѓу претставниците на здруженијата „Ластовица“ и „Полио плус“ со Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродом на СДСМ и коалицијата.

Филиповски истакна дека сите основни училишта ќе добијат сензорни соби. Овие простори ќе бидат опремени со посебни училишни помагала, светлосни елементи и дидактички материјали, со цел полесно вклучување на лицата со посебни образовни потреби во наставата.

Кандидатот за градоначалник ги слушаше и предлозите од претставниците на двете организации, кои имаат повеќегодишно искуство во работа со лица со попреченост и подобрување на нивните состојби во заедницата.

  • Планираме изведба и на инклузивни игралишта по населбите. Тоа се јавни зони со реквизити кои се прилагодени и за лицата со попреченост. На тој начин се овозоможуваат спортски активности, рекреација и дружба меѓу младите со типичен и младите со атипичен развој. Исто така, ќе имаме поблиска соработка со образовните асистенти и дефектолозите, кои на дневно ниво работат со децата, посочи Филиповски.

Заеднички е заклучокот дека е потребна поголема поддршка од локалната самоуправа за овие лица, како и изнаоѓање на механизми и конкретни мерки за полесен излез на лицата со попреченост на пазарот на трудот.

AnimeBee: Magi-Nation (Dub) anime episode 52 online free at https://animebee.to anime sites

Website https://animeheaven.pro: Watch Now and Then, Here and There animeheaven Episode 13 watch anime online

AnimeFLV Watch anime online, English anime online HD

Website https://animefreak.ws: Watch Ladius animefreak Episode Full animefreak death note

Watch The Bear Brothers Episode Full