January 24, 2020 02:24
Хроника

Физичка пресметка за паркинг место

Тепачка се случила доцна синоќа во Неготино, а физички напад рано изутринава  во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Синоќа околу 22.30 часот во Неготино на улица „Ацо Аџи – Илов” бил нарушен јавниот ред и мир со викање и тепачка меѓу лицата И.А.(42) и М.В.(42), двајцата од Неготино, поради недоразбирање за паркинг место. По документирање на случајот против лицата ке биде поднесена соодветна пријава, соопшти Додевски.
Утрово, пак, во 4.10 часот во Полициската станица Кавадарци,  М.Д.(31) од Кавадарци пријавил дека околу 3.50 часот на улица „Цано Поп – Ристов” бил физички нападнат од сограѓанинот Б.Ч.(27).
– По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Додевски.

Нови вести

Истрагата за исчезнувањето на Аслани во погрешна насока

Igor

Ел Чека осуден на една година затвор, условно

Igor

Струмичанец нападнал девојка, па при апсењето натепал полицаец и побегнал

Valentina