October 13, 2019 05:15
Спорт

ФИА го одобри календарот во Формула 1 за 2020 година со рекорден број трки

Раководството на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го одобри календарот на шампионатот во Формула 1 за 2020 година. Следната сезона ќе се одржат рекордни 22 трки, а исто така ФИА го потврди и намалувањето на предсезонските тестови.

Првенството започнува на 15 март со Гран-при на Австралија, а завршува на 29 ноември со Гран-при Абу Даби.

Две нови трки ќе се појават на Ф1 распоредот, во Виетнам (5 април) и во Холандија (3 мај), додека германското Гран-при нема да се одржи.

Претсезонските тестови ќе вклучуваат две тридневни серии во Барселона: од 19 до 21 и од 26 до 28 февруари. Досега се одржуваа две четиридневни серии.

Нови вести

Рамос го помина Касиљас и стана рекордер по бројот на настапи за Шпанија

Igor

Италија за прв пат по 65 години игра во зелени дресови

Igor

Пелистер немоќен и во реваншот со Винтертур

Igor