Македонија

ФЗО: Имаме разбирање за предизвиците со кои се соочуваат избраните лекари и натаму ќе преземаме активности кои се во нивен интерес

Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување ја утврдува стручна комисија формирана од министерот за здравство. Со Уредбата за начинот и методологијата за утврдување и донесување на листата на лекови кои паѓаат на товар на средствата на Фондот се дефинира: кои податоци за лековите ги содржи, меѓу кои се и режимот на пропишување и индикациите, а се содржат и ограничувања за лековите во начинот на пропишување, издавање и/или примена на лекот во одредени индикации или напомени за лекот, меѓу кои се и медицинската дијагноза утврдена во согласност со меѓународната класификација на болести и мислењето на лекарот од соодветна специјалност, односно супспецијалност.

Ова денеска го соопшти Фондот за здравствено осигурување во врска со, како што се посочува, наводите истакнати од Здружението на приватните лекари, дека Фондот на избраните лекари изрекува договорни казни за пропишување на лекови од лекари со несоодветна специјалност.

Утврдувањето на податоците за лековите кои ги содржи листата на лекови, како и сите ограничувања за лековите, како што информираат од Фондот, е во надлежност на соодветната стручна комисија.

Ваквиот начин на пропишување на лековите има за цел да го заштити здравјето на пациентите, со тоа што е точно пропишано кој лекар специјалист може да препорачува лекување со соодветна терапија.

Фондот во изминатиот период овозможи олеснување на казнената политика кон здравствените установи, при што ги спроведе следните активности: Во текот на 2019 година со склучување на анекс на договори беа драстично намалени договорните казни, воведување на мораториум (мирување/ одлагање ) за изрекување на договорни казни за период од 01.01.2019 до 30.06.2019 година, во соработка со надлежните комори, во текот на 2020 година, Фондот значително ги намали контролите во здравствените установи, со цел да излезе во пресрет на лекарите кои се справуваа со пандемијата со Ковид -19, транспарентно работење на комисиите, со тоа што Фондот обезбедува во нивната работа да учествуваат и претставници од соодветните комори со еднакво право на глас, при разгледување на записниците од извршените контроли во здравствените установи, ги зема во предвид сите олеснителни околности ,со тоа што за сторени повреди на договорните обврски кои опфатија период на важењето на два договора,секогаш ја изрекуваше помалата договорна казна.

Во однос на забелешката дека во време на пандемија со коронавирусот Фондот наместо да им помогне на избраните лекари и да ги награди за вложениот труд поради зголемениот обем на работа, им изрекува договорни казни, од Фондот истакнуваат дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести следејќи ги препораките на Светска здравствена организација, донесоа низа мерки заради спречување на ширење на коронавирусот. Врз основа на тоа, Фондот, како што посочуваат со одлука на Управниот одбор им излегол во пресрет на избраните лекари со тоа што овозможил да се продолжи важењето на специјалистичките извештаи, отпусни писма и конзилијарни мислења на повеќе од една година, заради непречено издавање на рецепти, боледување и ортопедски помагала на осигурените лица, избраните лекари во периодот на траење на мерката не ги повикуваа осигурените лица на превентивни прегледи, при отсуство на избраниот лекар поради болест или изолација, здравствените услуги ги пружа лекарот замена, а во случај кога во изолација се наоѓа и лекарот замена, се овозможи без ограничување назначување на втор лекар, а по потреба и друга замена, доколку во овој период, лекарскиот тим остане без медицинска сестра поради тоа што истата е заразена од коронавирусот или е во самоизолација/ изолација, лекарот здравствените услуги ги пружа без сестра, за што Фондот продолжува да исплатува надоместок на капитација.

-Во случај кога спреченоста за работа трае повеќе од 30 дена, лекарот редовна замена може и по истекот на 30 дена да продолжи да пружа здравствени услуги на осигурените лица на лекарот кој е на подолготрајно боледување., за што истиот добива 70 отсто од капитацијата на лекарот кој е на боледување. Избраните лекари имаат право да препишуваат лекови на рецепт од листата на лекови на товар на Фондот (антибиотици и анксиолитици), над дозволениот лимит, кои се неопходни при третман и лекување на осигурените лица заболени од коронавирусот. Фондот како општествено одговорна институција, особено во време на пандемијата со коронавирусот и понатаму има целосно разбирање и слух за предизвиците со кои тие секојдневно се соочуваат и поради тоа и понатаму ќе презема активности кои се во интерес на избраните лекари, а се со цел тие да пружаат поквалитетна и подостапна здравствена заштита на осигурените лица на Фондот, стои во соопштението од Фондот

anime streaming. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

english dubbed anime Dragon Ball Super (Dub)

sites to watch anime TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

AnimeHeaven DARLING in the FRANXX Episode 24

animeheaven app AnimeHeaven DARLING in the FRANXX (Dub)

tải go88