March 7, 2021 18:12
Хроника

Фејзи Азири: Да дојде Русковска во Шутка да ѝ кажам кои се убијците, а кој нарачателите

Обвинетиот во „Монструм“ Фејзи Азири, во Основниот кривичен суд денеска рече дека има докази кои се нарачатели на убиството кај „Смилковското Езеро“.

-Притворот ми е определен и минатиот пат кога се знаеше дека ќе се смени членот од обвинението, јас не сум бегал и нема да бегам. Го повикувам јавниот обвинител Љубомир Јовески, обвинителката Вилма Русковска да ме посети во затворот во Шуто Оризари да им предложам докази за нарачателите и организаторите на ова убиство, за помагачите на ова убиство, со прецизни докази. Во рок од 10 дена ако не ме повикаат, или ако не ме посетат, ќе ги дадам доказите на јавноста и на странските амбасади за да се утврди кој е извршител, нарачател и помагач, рече Азири.

Азири  е прогласен за виновен за 2 кривични дела за помагање во извршување на кривично дело со единствена казна затвор од 15 години.

Фатиме Фетаи предложи мерка притвор за Фејзи Азири поради опасност од бегство.

My Hero Academia 2 (https://animeplanet.cc/m/o1rO) Episode 25 at website https://animeplanet.cc. See more anime planet free

Watch Violet Evergarden Movie Episode Camrip at website https://animetv.cc. See more sword art online anime tv