August 24, 2019 20:20
Спорт

Фетел оптимист: Ќе бидеме посилни на „Спа” и „Монца”

Себастијан Фетел смета дека тимот на Ферари има сили да настапи подобро на претстојните трки по летната пауза.

Според четирикратниот светски шампион, на патеките „Спа” и „Монца” од „Скудерија” ќе се обидат да се изборат со Мерцедес и Ред Бул за победи.

По последните неколку натпревари, екипата на Ферари започна да игра трета улога во шампионатот, откако Макс Верстапен и Ред Бул освоија две трки и се искачија уште три пати на подиумот.

Така, Макс успеа да го симне Фетел на третото место на ранг-листата кај пилотите. Германецот веќе заостанува зад младиот Холанѓанец со 25 поени, додека лидерот Луис Хамилтон од Мерцедес е пред него со цели 94 поени.

– За некои, доаѓа летна пауза во Формула 1, но не и за нас. Ние сме многу амбициозни на претстојните трки по паузата на патеките „Спа” и „Монца” да успееме повторно да ги контролираме трките и да се бориме за победи со Мерцедес и Ред Бул. Она што го покажавме во последните неколку старта, беше многу далеку од наметнување темпо и контрола над останатите. За нас, недостаток на трки значи поголема работа што можеме да ја сториме во следните три недели без да губиме време патувајќи меѓу трки. Може да успееме, затоа што ова е нашата последна шанса за оваа сезона, изјави Германецот.

Нови вести

Македонските надежи третопласирани на турнирот во Чешка

Igor

Први голови за прва победа на Вардар

Igor

Алиоски заигра во вистински момент за Лидс

Igor