December 12, 2019 20:53
Македонија

Фетаи: Работевме за плата од 1.200 евра, а за бонусите се зборуваше јавно и на прес- конференција

Фатиме Фетаи пред денешното рочиште за „Монструм“ прва прозборе за бонусите што ги земале обвинителите за доверливост.

-Наместо да работиме на истрагите кои претходно ги отворивме во СЈО ние станавме архивари и магационери, бидејќи овие предмети сега се чуваат во кутии во зградата на специјалното јавно обвинителство- вели Фетаи. Обвинителката Фетаи рече дека со брзина на светлината институциите работеле да ги испитаат наводите во врска со земените бонуси на специјалните јавни обвинители и укажа на тоа дека се би било поинаку ако со истата таа брзина институциите би постапувале во текот на сите постапки. Според обвинителката специјалните јавни обвинители работеле месечно за плата од 1.200 евра. Ова не е чидно бидејќи оваа плата им се дава на лицата на оваа функција каде било во светот. Во врска со бонусите Фетаи посочи дека тоа се пари за кои претходно се зборувало и на прес-конференциите јавно, како и дека сето тоа е опфатено со Законот за Специјално јавно обвинителство кој беше донесен со формирањето на СЈО.

За вчерашниот влез на истражителите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во СЈО, Фетаи појасни дека воопшто не се работи за упад на обвинителите, ниту за претрес, туку за обезбедување на документација која била побарана од Обвинителството

 

Нови вести

Јанушев, Мисајловски и Муцунски остварија средба со Холтхоф Пфортнер, министер за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија 

zane

Средба на премиерот Заев со Анди Исмаили, светски шампион во современ танц соло за деца

zane

Магла кај Страцин, на Попова Шапка и на Ѓавато

zane