December 6, 2022 01:30
Македонија

Фестивал на италијанска храна на плоштад „Македонија”

 На плоштадот „Македонија” во Скопје денеска и утре ќе се одржи Фестивалот на италијанска храна каде најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони.
Фестивалот го организира Амбасадата на Република Италија и Italian Trade Agency Skopje (ИТА) во рамки на одбележување 6-та Недела на италијанска кујна во светот, а настанот ќе го отвори италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри.
Настанот ќе се одржи на отворено, а ќе понуди богата и забавна програма, промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки. Предвидена е лотарија за посетителите кои ќе купат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите на настанот.
Посетителите денеска во период од 15 до 17 часот, ќе имаат можност да уживаат во музичко патување низ најубавите и најромантични предели на Италија со Павле Камилоски