April 22, 2019 05:03
Спорт

Фергусон: Ливерпул ќе ја освои титулата во Премиер лигата

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон верува дека Ливерпул ќе ја освои титулата оваа сезона.

Причината лежи во фактот дека „црвените ѓаволи” ќе земат нешто од дербито подоцна овој месец против Манчестер Сити – ривал на „црвените” за првата позиција во Премиер Лигата.

За позицијата на Сер Алекс Фергусон потврди поранешниот играч Џонатан Волтерс за „Би-Би-Си Радио”.

Ливерпул е лидер во рангот со два бода предност пред Манчестер Сити, но „граѓаните” имаат меч помалку.

Манчестер Јунајтед се среќава со „небесно-сините” на 24-ти април во натпреварот од 31 круг од Премиер лигата. Токму овој натпревар може да биде клучен за битката за титулата.

Нови вести

Марсело среќен во Реал

Filip

Зидан: Бензема во овој момент најдобра „9-ка” во светот

Filip

Манчестер јунајтед постави негативен рекорд

Filip