January 22, 2019 22:25
Спорт

„Фенербахче“ подобар од „Андерлехт“, „Астана“ од „Јаблонец“

Фудбалерите на „Астана“ и на „Фенербахче“ славеа на првите два натпревари од денешната програма на Лига Европа.

„Фенербахче“ во Истанбул во натпрева од групата Д за 3 минути во вториот дел го скрши отпорот на белгиски „Андерлехт“. Првиот гол за домаќините беше дело на Валбуена во 71. минута, кој му асистираше на Фреј три минути подоцна за конечни 2:0. Цел натпревар за тимот од Истанбул го одигра нашиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Со победата „Фенербахче“ ги зголеми шансите за да се пласира во следниот круг, а „Андерлехт“ остана без шанси.

Тимот на „Астана“ од Казахстан со голот на Постников во 88. минута го совлада тимот на „Јаблонец“ од Чешка, во натпревар од 4. коло во Лигата на Европа. Конечниот резултат е 2:1. Претходно резултатот во 18. минута го отворија домаќините со голот на Педро Енрике, по што следеше погодок за гостите преку автоголот на Заинутдинов, во 41. минута.

 

Related posts

Виља заминува во Јапонија и ќе биде соиграч на Иниеста

Filip

Фабрегас: Нема да заминам од Челзи во зима

Filip

КОНМЕБОЛ: Дуелот Ривер – Бока ќе се игра надвор од Аргентина

Filip