February 18, 2020 23:46
Спорт

Федерер ја прескокнува сезоната на земја, освен гренд слемот во мај

 – Роџер Федерер го скрои календарот за настапи во 2020 година, а она што е забележливо во него е определбата да ја прескокне сезоната на земја, освен гренд слемот во мај.

Швајцарецот моментно е трет на АТП ранг листата, по Ѓоковиќ и Надал, а пред Доминик Тим, во август ќе наполни 39 години, но реши да не игра на Мастерсите во Мадрид, во Рим и во Монте Карло во функција на што подобри подготовки за настап на Ролан Гарос.

Меѓу двата гренд слема (Австралија опен и Ролан Гарос), Федерер ќе настапи во Дубаи, Индијан Велс, односно Мајами пред да се појави на турнирот во Париз. Отсуството на дел од споменатите турнири, секако, ќе придонесе за пад на ранг листата од причина што Швајцарецот требаше да брани поени во Мадрид и во Рим.