July 23, 2021 21:23
Спорт

Федерер шокиран по поразот од 19 години помлад тенисер

Роџер Федерер го предаде мечот на Ролан Гарос за да ја зачува свежината и силата за неговиот Вимблдон и да се подготви што е можно подобро за турнирите на трева.

Но, големиот Швајцарец загуби во четвртфиналето на турнирот во Хале од 20-годишниот Канаѓанец Феликс Огер-Алиасиме со 4: 6, 6: 3, 6: 2.

Овој талентиран 21-ви тенисер во светот го сруши својот идол и човекот кој рекордни 10 пати го освојувал Хале.

Федерер играл против 19 години помладиот ривал, а Швајцарецот никогаш во кариерата не играл против некој од кого е толку постар. Сепак, младоста овојпат беше посилна од искуството.

Момчето, кое во својата кариера во два наврати го играл финалето на турнирот во Штутгарт, ја забележал четвртата победа против Топ 10 тенисери и една од најголемите во неговата кариера.

“Фантастична победа, сигурно не го очекував ова. Секако, вие доаѓате на мечот со желба да победите, но Роџер е мојот идол, како и на многумина од нас. Голема чест е да имате можност да го запознаете пред тој да ја заврши својата кариера. Оваа победа ќе ја паметам засекогаш“, изјавил Канаѓанецот.

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD. Slam Dunk: Shouhoku Saidai no Kiki! Moero Sakuragi Hanamichi (https://animedao.nl/m/DMv5) Episode Full

Watch anime online for free at AnimeBee anime sites. Yamato Takeru (https://animebee.to/m/e2bm) Episode 37

Watch anime online for free at KissAnime kissanime page 1. Burst Angel (Dub) Episode 24

KissAnime Debate: https://www.debate.org/kissanimemx/